ТОТАЛНО СЕ ВО ПРАВО

Навивачите на Јунајтед за новите дресови: Ова се пижами! (ФОТО)

Иако оваа сезона уште не е дојдена ни до својот финиш, веќе во јавноста се појавија дресовите за идната сезона на Манчестер јунајтед. И критиките се лоши...

објавено: 14 март 2016 - 15:30

 

Спонзорот е ист, дресовите се на Адидас, а на твитер профилот на Јунајтед објавени се домашната и резервната варијанта.

Првиот е добропознатиот, црвениот и не отсткокнува премногу од сегашниот, со тоа што ги нема црните ленти на ракавите и рамењата. Резервниот е син и на навивачите воопшто не им се допаѓа.

„Се надевам дека ова не е вистина. Гостинскиот дрес е како пижама“, пишува еден фан.

„Игледа грозно. Ова е нешто што може да се носи во тератана“, надополни друг, а има некои и на кои им се допаѓа.

„Убав е дресот, изгледа како тој на англиската репрезентација. Се надевам дека тој ќе биде нашиот нов дрес“...

 

Најново во Меѓународен Фудбал