МАНЧЕСТЕР СИТИ СО НОВА „ПЕТАРДА“ ПРОТИВ ТИМОТ НА КАРДИФ

Не помага ниту Фергусон, може ли некој да го запре Ливерпул..! (ВИДЕО)

Ниту присуството на Алекс Фергусон не му помогна на Манчестер Јунајтед да дојде до нова победа во Премиерлигата на домашен терен, откако одигра само реми 1:1 со Вулверхемптон.

објавено: 22 септември 2018 - 19:34

„Црвените ѓаволи" предводени од португалскиот менаџер Жозе Мурињо водеа после првото полувреме со голот на Фред од 18. минута на „Олд Трафорд".

На стартот од вториот дел гостите дојдоа до бод благодарение на Мутињо после асистенцијата на Хименез во 53. минута.

Ливерпул ја забележа и шестата победа по ред од стартот на сезоната, на својот „Енфилд" со 3:0 го надигра тимот на Саутемптон. Најпрвин автогол си постигна Хоет, па зголеми Матип, а Салах пред паузата го постави конечниот епилог.

Во останатите дуели од саботната програма: Фулам-Ватфорд 1:1, Барнли-Борнмут 4:0, Кардиф-Манчестер Сити 0:5, Кристал Палас-Њукасл 0:0, Лестер-Хадерсфилд 3:1.

На табелата Ливерпул води со максимални 18 бодови, пред Манчестер Сити (16), Челзи (15), Ватфорд (13)...

Најново во Меѓународен Фудбал