МАНЧЕСТЕР СИТИ ИМ СЕ ВРАТИ НА ПОБЕДИТЕ

Нема шега со „граѓаните“, особено не со Кајл Вокер..! (ВИДЕО)

После ремито во изминатото коло, тимот на Гвардиола забележа нов триумф во Премиерлигата дома над Њукасл (2:1).

објавено: 1 септември 2018 - 20:45

Во првото полувреме поведоа „граѓаните" со погодокот на Стерлинг после асистенцијата на Менди во осмата минута од средбата на „Етихад".

После половина час игра израмнија гостите преку американскиот интернационалец Једлин, а конечниот епилог го постави Вокер со еден прекрасен гол на стартот од второто полувреме.

На табелата моментно Сити е на третата позиција со 10 бодови, два помалку од водечките Ливерпул и Челзи.

Најново во Меѓународен Фудбал