ВЧЕРА ДОБИ ОТКАЗ, А ВЕЌЕ ДОБИ ПОНУДА

НЕМА ЗИМА: Анчелоти се враќа во Премиер-лигата

Италијанскиот стручњак, Карло Анчелоти кој вчера доби отказ од Баерн Минхен по поразот од ПСЖ во Лигата на шампионите, го чека нова работа. 

објавено: 29 септември 2017 - 11:15

Италијанскиот стручњак, Карло Анчелоти кој вчера доби отказ од Баерн Минхен по поразот од ПСЖ во Лигата на шампионите, го чека нова работа. 

Вест Хем е првиот тим кој испрати понуда на неговата адреса. Англискиот тим во моментов е на 18. место на табелата во Премиер-лигата, што е под очекувањата на челниците на клубот. Актуелниот стратег Славен Билиќ последната шанса ќе ја има на дуелот против Свонси, доколку не ги освои трите бода, тој ќе замине во историјата на овој тим.

Анчелоти во Премиер-лигата работеше како менаџер на Челзи во периодот од 2009 до 2011 година и освои три трофеја.

Најново во Меѓународен Фудбал