ПОСЛЕДЕН ОБИД НА „ТОПЧИИТЕ" ДА СЕ ОТАРАСАТ ОД КОСТАРИКАНЕЦОТ

НИКОЈ НЕ ОДБИРАЛ ПОЛОШО ОД КЕМБЕЛ: Повеќе играл за репрезентацијата отколку во клубот

Уште двајца играчи можат да си заминат од Арсенал...

објавено: 11 август 2018 - 08:00

Уште една интересна информација „произведе" Твитер"... Наскоро Џоел Кембел би можел да урне еден рекорд на Тјери Анри според бројто на натпревари одиграни за едне национален тим, секао, се додека е под договор со Арсенал.

Му недостасуваат само уште шест натпревари за селекцијата на Костарика. Проблем е само во тоа што за пвие последни седум сезони, Кембел многу повеќе играл за репрезентацијата откако за Арсенал. И тука нема ништо да се промени ниту ова лето.
Новиот тренер на Арсенал, Унаи Емери беше прилично јасен на последната прес-конференција за новинарите. Тројца играчи имаат дозвола да си заминат по завршувањето на преодниот рок во Премиер Лигата. Карл Џенкинс, Давид Оспина и секако – Џоел Кембел.

А тој веќе се навикна на тие работи, затоа што од доаѓањето во Лондон, во 2011 година мораше да замине на позајмици во Лориен, Бетис, Олимпиајкос, Виљареал, Спортинг, и во минатата сезона, одново во Бетис.
Па така, по овие седум години во Англија, одиграл само 40. натпреварувачки натпревари за Арсенал, и уште неверојатни 75 за репрезентацијата на Костарика во тој временски период!?
И тоа нема да се смени, со оглед на тоа дека ова лето ситуацијата е нешто поинаква. На сега веќе 26.годишниот напаѓач договорот со Арсенал му истекнува во 2019 година. Па позајмувањето секако отпаѓа од комбинациите, Пред некој ден за него заинтересиран беше римски Лацио, но на позајмица. Тоа беше веднаш одбиено, затоа што ова е и последен пат-обид за да заработат некое евро од Костариканецот.
Преговорите би можеле да бидат продолжени, па јасно е дека ова ќе бидат стресни денови за Џоел Кембел.

Најново во Меѓународен Фудбал