ШАМПИОНСКАТА ТИТУЛА НОСИ НОВИ МОМЕНТИ

Нов „граѓански договор" за Пеп (ВИДЕО)

Шпанецот потпиша нов договор со тимот од „Итихад", според кој ќе остане во Манчестер до 2021 година.

објавено: 17 мај 2018 - 21:00

Ако се биде согласно со новиот договор, Пеп Гвардиола ќе биде тренер на Манчестер Сити до летото 2021 година.

Шпанецот заслужи нов договор од „граѓаните", сега продолжен за две години, ако се земе в предвид сјајната сезона во која со Сити ја освои Премиер лигата со рекордни 100 бодови, плус и Лига Купот на Англија.

„Многу сум среќен и возбуден. Задоволство е да се работи тука. Ме радува тоа што можам да работам со секој играч, секој ден. А и во наредните годони ќе се обидеме да го дадеме она најдоброто од себе. Како менаџер треба да сфатите дека треба да се чувствувате добро со играчите, мене ми е така во Манчестер. Ќе се фокусирам на тоа да бидеме подобар тим, ќе се обидам секој дека играчите да бидат подобри. Имаме млад тим, со просек од 23.години, сакаме да напредуваме и барем малку да го задржиме нивото од оваа сезона" – потенцираше Гвардиола.

 

  

Најново во Меѓународен Фудбал