ВЕНГЕР ЗАМИНУВА ДОАЃА ШПАНЕЦ

Новaта ера во Арсенал почнува со Емери

Сагата околу новиот менаџер на Арсенал заврши. Не е Анчелоти, ниту Тухел, ниту Бувач... Нов шеф на стручниот штаб е шпанскиот стратег Унај Емери кој доаѓа од Пари Сен Жермен

објавено: 23 мај 2018 - 11:42

Арсенал реши кој ќе го наследи Арсен Венгер на позицијата прв менаџер на екипата. Тоа е шпанскиот стратег и довчерашен тренер на Пари Сен Жермен, Унај Емери. Преку официјалната интернет страница Арсенал му посакаа добредојде на Емери кој со ПСЖ кој сезонава го освои првенството, Купот на Франција и Лига купот на Франција, но поради испаѓањето во осминафиналето на Лигата на шампионите сопствениците на клубот не му го продолжија договорот.

Емери се промовира во одличен стратег кога од 2013 до 2016 годиан со Севиља три пати по ред ја освојуваше Лига Европа.

„Задоволен сум што доаѓам во еден од најдобрите клубови во светот. Арсенал е обожаван низ светот поради својот специфичен стил на игра, посветеноста кон младите фудбалери, фантастичниот стадион и начинот на кој функционира", изјави Емери.


„Возбуден сум затоа што добивам одговорна задача, го наследувам Арсен Венгер кој повеќе од 20 години работеше овде. Клубот почнува нова ера. Зборував со Стен и Џош Кренке (сопствениците на клубот) и тие имаат големи амбиции за клубот и сакаат да бидат подобри и поуспешни во иднина", додаде Шпанецот.

Емери во кариерата работеше уште во Спартак (помина само шест месеци), Валенсија (три едноподруго трети места во Ла Лига), Алмерија (промоција од Сегунда во Ла Лига) и Лорка Депортиво (промоција од Трета лига во Сегунда).

 

Најново во Меѓународен Фудбал