ОД СЛЕДНАТА СЕЗОНА

Ново правило во Англија: Веќе нема да има симулирање

Англичаните влегуваат во сериозна борба против „лажговците“

објавено: 19 мај 2017 - 13:20

Челниците на англиската Премиерлига одлучија да стават крај на оние играчи кои сакаат да симулираат за да добијат пенал или да изнудат црвен картон на противнички играч. Од федерацијата потврдија дека во пресрет на следната сезона, ќе воведат едно ново правило, кое треба да ги намали симулациите на играчите и обидот на играчите да ги излажат судиите.

Фудбалерите кои следната сезона ќе симулираат, а успеат да ги излажат судиите, ќе бидат дополнително казнети. Секој сомнителен пенал или исклучување, дополнително ќе го разгледува тричлена комисија, која ќе треба да одлучи дали имало симулација или не.

Комисијата ќе биде составена од еден поранешен судија, поранешен тренер и поранешен играч. Сите тројца едногласно треба да се сложат ако некој фудбалер симулирал и на тој начин казната за играчот ќе биде најмалку два меча суспензија.  

Најново во Меѓународен Фудбал