Возбудливо во Премиерлигата

Новогодишни пресврти во Премиерлигата и честитка од 5 гола на Челзи

Два пресврти во предновогодишното коло и петардата на Челзи против Стоук го одбележаа колото во Премиерлигата

објавено: 30 декември 2017 - 17:56

Два пресврти во предновогодишното коло и петардата на Челзи против Стоук го одбележаа колото во Премиерлигата.

Челзи и без Азар го декласира Стоук и славеше најубедливо во денешната попладневна програма. Вилијан со еден гол и две асистенции беше главниот мотор кај актуелниот шампион, а погодија и Рудигер, Дринквотер, Педро и Запакоста.

Ливерпул повторно го има најдобриот стрелец во Премиерлигата, а Мо Салах со два гола за пресврт му донесе нови три бода на својот состав. Салах двапати погоди во второто полувреме против Лестер, тим кој поведе со голот на Варди во третата минута. Салах сега е пак на чело на листата на стрелците со 17 погодоци.

Португалецот Карлос Карвахал победнички ја почна одисејата во Свонси, а велшаните направија пресврт против Ватфорд на гостински терен и победија со 2:1. Идентичен триумф прокнижи Борнмут против Евертон, а без голови завршија мечевите Хадерсфилд со Барнли и Њукасл со Брајтон.

Најново во Меѓународен Фудбал