ЛОША ПРОЦЕНКА НА „БЕРНАБЕУ“ ИЛИ...

Од Реал го избркаа „на клоци", а сега е играч на Манчестер сити!

Кога станува збор за трансфери, од Манчестер сити не очекуваме ништо друго освен звучни засилувања, но овој пат не станува збор за некое големо засилување. Имено, во синиот дел од Манчестер пристигна Рубен Собрино за 250 илјади евра, фудбалерот кој минатата сезона настапуваше во Понферадина, клуб од втората лига во Шпанија.

објавено: 28 август 2015 - 20:18

Собрино не блескаше таму. Забележа 41 настап, од кои 25 пати влегуваше во игра од клупата. Постигна само пет гола. Но, и тоа беше доволно Мануел Пелегрини да го побара во своите редови. Можеби Чилеанецот знае нешто што ние не знаеме.

До душа, Собрино беше голема надеж на Реал Мадрид. Беше редовен член на шпанските селекции до 17, 18 и 19 години, но таму и застана. Во сениорската конкуренција дебитираше на 16 години настапувајќи за третиот тим на Реал, но подалеку од вториот тим на „Бернабеу" не успеа да стигна.

„Кралевите" јасно му ставија до знаење дека не може да се надева на првотимски статус, па поради тоа Собрино ги спакува куферите и продолжи по друг пат.

Сепак, Собрино нема да дебитира во Манчестер сити сезонава, бидејќи е испратен на позајмица во Жирона, но по враќањето би можел да стигне до посакуваната шанса.

Најново во Меѓународен Фудбал