САМО ЕДЕН ДЕН ОТКАКО ФРАНК ДЕ БУР ДОБИ ОТКАЗ

ОФИЦИЈАЛНО: Хоџсон го превзема Кристал Палас

Некогашниот селектор на Англија е именуван за нов менаџер на клубот кој има лош старт во Премиерлигата...

објавено: 12 септември 2017 - 22:00

Рој Хоџсон е наследникот на Франк Де Бур на клупата на Кристал Палас, одлучи раководството на Премиерлигашот неполни 24 часа откако го сменија Холанѓанецот од менаџерската позиција.


Некогашниот селектор на Англија потпишал двегодишен договор, а без работа е од минатото лето, кога се раздели со „Гордиот Албион" по раната елиминација на ЕП (пораз во осминафиналето од Исланд).
Де Бур доби отказ по само 77 дена откако дојде во Криста Палас, а го водеше тимот на пет мечеви. Запиша само една победа, но против Ипсвич во Лига Купот на Англија.
„Орлите" стартуваа со четири порази, доволни холандскиот стручњак да остане без работа.
Хоџсон кој има полни 70. Години во текот на својата кариера ги водеше и екипите на Блекбурн, Фула, Ливерпул и ст Бромвич Албион во Премиерлигата.

 

Најново во Меѓународен Фудбал