Она што случајно го открија, доби потврда

ОФИЦИЈАЛНО: Манчестер Ј. го именува Солскјер за нов менаџер

Утрово клубот ја потврди информацијата. Норвежанецот седнува на кормилото на Манчестер Ј. со договор до крајот на сезоната.

објавено: 19 декември 2018 - 10:40

Манчестер Јунајтед утрово го именуваше поранешниот играч Оле Гунар Солскјер како наследник на Жозе Мурињо на кормилото на „Црвените ѓаволи“. Норвежанецот ќе го предводи тимот до завршувањето на тековната сезона.

Солскјер помина 11 сезони на „Олд Трафорд“, постигнувајќи го победничкиот гол во финалето на Лигата на шампионите во 1999 година. 45-годишниот играч го презема Јунајтед од 6. место на табелата во Премиер лигата и целта пред него е да успее да го однесе меѓу четирите најдобри на крајот на сезоната.

Најново во Меѓународен Фудбал