ВО НИВНИОТ ПРЕПОЗНАТЛИВ СТИЛ...

„ОЛД ТРАФОРД" СЕ ПРОСТИ ОД ИБРАХИМОВИЌ, ама не и еден играч на Јунајтед, кој му испрати интересна порака (ФОТО+ВИДЕО)

Легендарниот Златан Ибрахимовиќ го напушти Манчестер Јунајтед.

објавено: 24 март 2018 - 15:15

 Легендарниот Златан Ибрахимовиќ го напушти Манчестер Јунајтед.

Кариерата „Ибракадабра" ќе ја продолжи во МЛС лигата како фудбалер на ЛА Галакси, а на својот сега веќе поранешен клуб и на навивалите им се заблагодари преку својот Инстаграм профил.

"На сите убави работи им доаѓа и крајот. Време е да тргнам понатаму после двете фантастични сезони во Манчестер Јунајтед. Му благодарам на клубот, на навивачите, на екипата, тренерот, на персоналот, и сите кои со мене ги делеа сите моменти"- напиша Златан, а соиграчите од Јунајтед исто така се простуваа од него со емотивни коментари.

Но еден од нив, има сосема поинаква рекација на заминувањето на Ибрахимовиќ.

Дефанзивецот на „црвените ѓаволи" Ерик Бејли ја коментираше пораката на заминување на Златан на еден „посебен" начин.

„Од**и" – му напиша Бејли на Ибра...
Се разбира, тоа е само една шеговита порака.
Бејли и Ибрахимовиќ станаа големи пријатели за време на заедничкото играње на „Олд Трафорд". А снимките на нивното „дружење" во и надвор од „Театарот на соништата" станаа хит на интернет. 

;

 

Најново во Меѓународен Фудбал