КОГА ОДРЖУВАЊЕТО НА ТРЕВАТА Е УМЕТНОСТ

Ова е најдобриот фудбалски терен во светот (ФОТОГАЛЕРИЈА)

На македонските фудбалски стадиони оние малку навивачи од трибините често знаат да кажат, „па овде и Меси да дојде не може топка да води“, алудирајќи на лошите терени. Ако за нас стандардите за фудбалски терен се едно, во фудбалски развиените земји тоа е нешто сосема друго. 

објавено: 25 јули 2015 - 10:04

Во Лондон на стадионот „Емирати“ денеска ќе започне турнирот „Емирејтс Куп“ на кој освен домаќинот Арсенал ќе учествуваат и Лион, Вилјареал и Волфсбург. Домаќинот се погрижи тревната површина да биде во беспрекорна состојба и навистина се надмина себеси.

На „Твитер“ и „Фејсбук“ кружат фотографии од тревната површина на „Емирати“ и светската јавност со право се воодушевува и го нарекува најдобар во светот.

 

Најново во Меѓународен Фудбал