„ЧУДО“ НА СТАРТОТ ОД ОСМОТО КОЛО ВО ПРЕМИЕРЛИГАТА

Ова ти е Вест Хем: Вчера го „уриваш“ Јунајтед, денес губиш од Брајтон! (ВИДЕО)

Секогаш сме биле сведоци на сензационални, интересни, зачудувачки резултати во најквалитетната англиска фудбалска лига, така и на првиот дуел од новата рунда каде што Брајтон на домашен терен го совлада Вест Хем (1:0).

објавено: 5 октомври 2018 - 23:13

Некои ќе кажат па и ова не е некој атрактивен меч од Премиерлигата, ако добро се сеќаваме Вест Хем во минатото коло пред своите гледачи беше подобар со 3:1 од Манчестер Јунајтед и на тој начин ги зголеми главоболките на Жозе Мурињо.

А сега во дуел кој што му е исто така важен во битката за опстанок, паѓа пред некој тим кој пак по подолго време им се врати на победите, само втора сезонава за нив.

Стрелец на единствениот гол за Брајтон против „чеканите" беше Мареј во 25. минута после асистенцијата на Кајал. А уште поинтересно што првата победа оваа сезона Брајтон ја оствари против Манчестер Јунајтед:

Најново во Меѓународен Фудбал