АЛЖИРЕЦОТ ПОКАЖА ДЕКА Е ЧОВЕК СО ГОЛЕМА ДУША

Овие деца цел живот ќе го памтат Ријад Марез (Видео)

Најдобриот играч во Премиерлигата реши да ги изненади дечињата кои еуфорично го прославија неговиот гол во победата на Лестер против Мидлсбро

објавено: 1 декември 2016 - 14:23

Снимката како неколку дечиња се радуваат на погодокот на Ријад Марез стана хит на интернет. Лестер со 2:1 го победи Мидлсбро, а Алжирецот го даде победничкиот гол. Марез ја виде снимката и реши да ги посети навивачите кои имаат само по седум години. 

Дечињата биле другарчиња од училиште и токму затоа Марез реши да ги посети додека имаат часови. Со шампионскиот пехар во рацете, Ријад пристигна во училиштето, каде децата не можеа да поверуваат кој им дошол на гости.

Сите се сликаа со трофејот и добија автограм од најдобриот играч во Премиерлигата за минатата сезона. Погледнете ја радоста на децата кога го здогледаа Марез во нивната училница. 

  

Најново во Меѓународен Фудбал