„Сан“ извади снимка од „луда“ забава на Арсенал

Озил, Лаказет и Обамејанг дуваат „смешен гас“ и се налеваат со вотка и шампањско (ВИДЕО+ФОТО)

Снимките до кој дојде таблоидот се од август оваа година, непосредно пред стартот на новата сезона во англиската Премиер лига. 

објавено: 7 декември 2018 - 10:45

Англискиот таблоид „Сан“ денеска објави ексклузивни снимки и фотографии од забава на која присуствувале најголемите ѕвезди на екипата на Арсенал во пресрет на новата сезона во Премиер лигата.

На истата се гледаат имиња како Лаказет, Озил, Обамејанг и Гуендузи како конзумираат огромни количини на алкохолни пијалаци, но исто така користат и азотен оксид, познат како „Хипи Крек“ кој предизвикува смеење и познат е како „смешен гас“. Фудбалерите на Арсенал се снимени како вдишуваат гас од балони, а потоа уживаат во вотка и скапо шампањско.

Забавата е од август, само неколку дена пред почетокот на сезоната. На истата покрај 10-тина фудбалери на „топчиите“ биле присутни и 70 девојки. Управата на Арсенал вети дека ќе ги испита обвинувањата на „Сан“ и ќе ги предупреди играчите за нивното однесување.

Најново во Меѓународен Фудбал