Пред дербито на сезоната

Пеп: Ливерпул е моментно најдобриот тим во светот

Тренерот на „граѓаните“ свесен дека доколку во четврток загубат, тоа ќе биде крај на надежите на Сити за освојување на титулата.

објавено: 31 декември 2018 - 09:35

Тренерот на Манчестер Сити, Хозеп Гвардиола, ги сподели неговите очекувања за средба со Ливерпул која ќе биде дерби на сезоната во Премиер лигата. Дуелот е од 21. коло и е на програмата в четврток.

„Ливерпул во моментов е најдобриот тим во Европа и во светот. Знаеме дека ако загубиме бодови, сезоната ќе биде завршена. Мислам, трката за титулата ќе биде завршена. Треба да го прифатиме моментот каков што е. Сè што можеме да направиме е да ја завршиме нашата работа на теренот, да одиграме и да видиме што ќе се случи", вели шпанскиот стратег на кормилото на „граѓаните".

По 20 кола, Ливерпул има 7 бода предност пред Манчестер Сити. Во случај на нов пораз, разликата ќе биде плус 10 за „црвените".

Најново во Меѓународен Фудбал