КОЈ ВЕЛИ ДЕКА ПАРИТЕ НЕ ГО ПРАВАТ СВОЕТО?

ПЕП МОЖЕ ДА СИ ГО ДОЗВОЛИ ТОА: Има клупа вредна 250 милиони фунти

И на дуелот против Стоук, одигран на гостински терен, фудбалерите на Манчестер Сити уште еднаш покажаа зошто ќе бидат новите шампиони во Премиер лигата.

објавено: 13 март 2018 - 17:37

Уште еднаш „граѓаните"од Манчестер ја демонстрираа својата сила, па сега само два чекори ги делат од шампионскиот пехар.

Двата гола на Давид Силва беа и повеќе од доволно да се одработи задачата на ова гостување. Па на осум круга до крајот Манчестер Сити ја задржа големата бодовна предност од 16. поени во однос на второпласираниот Манчестер Јунајтед.
Но се чини дека кај Сити не се импресивни само леснотијата или убавите акции кои на овој меч ги реализираше шпанскиот репрезентативец.

На ова гостување нивниот предводник Пеп Гвардиола на клупата истав играчи во вредност од дури 250.милиони фунти!
Секако мерени според висината на отштетата која е платена за нив.
Па така на пример, против Стоук, меѓу резервните фубалери се најдоа: Браво (25.милиони фунти), Стоунс (50), Лапорте (50), Данило 925), Гундоган (25), Јаја-Туре (25), Бернардо Силва (40)...

 

Најново во Меѓународен Фудбал