ВО ПРВАТА СЕЗОНА ШПАНЕЦОТ ОСТАНА БЕЗ ТРОФЕЈ

Пеп: Во Баерн и Барса веднаш ќе ми дадоа отказ

Менаџерот на Манчестер Сити, Пеп Гвардиола е благодарен што челниците на клубот и натаму го поддржуваат и покрај тоа што во првата сезона остана без трофеј.  

објавено: 16 мај 2017 - 09:55

Менаџерот на Манчестер Сити, Пеп Гвардиола е благодарен што челниците на клубот и натаму го поддржуваат и покрај тоа што во првата сезона не освои ниту еден трофеј.

„Пред мене се очекувањата поради сето она што го имам направено во минатото, затоа сакав уште оваа година да освојам трофеј, но тоа не беше можно. Ќе се обидам, заедно со сите во клубот да го остварам тоа, доколку не успеам, ќе дојде некој друг.

Во клубот не останувам зошто сум Пеп или поради тоа што неодамна го имам постигнато. Знам што е проблемот и затоа цело лето нема да се прашувам: Што ќе се случи доколку не освојам некој трофеј", изјави шпанскиот стратег.

Гвардиола за четири години со Барселона освои 14 трофеи, додека со Баерн вкупно седум.

„Во Барселона имав голем притисок, но тогаш немав ништо зад себе. Во тој клуб веднаш ќе „летнеш" доколку не направиш ништо за шест месеци. Истото ќе се случи и во Баерн. Во Сити ми дадоа втора шанса, таму сигурно немаше да ја добијам", даде Пеп.

Сити во моментов на четвртото место на табелата во Премиер со 72 бода, на бод помалку од Ливерпул и еден натпревар помалку.

Најново во Меѓународен Фудбал