Катастрофа на Ливерпул

Петарда за Ливерпул од Манчестер сити и рекорд за Агуеро

Манчестер сити си поигра со Ливерпул и со петарда го разби ривалот во дербито на колото во Премиерлигата. Кун Агуеро го постигна водечкиот гол за Сити и стана најдобриот стрелец странец во Премиерлигата со 124 погодоци

 

објавено: 9 септември 2017 - 15:34

Манчестер сити си поигра со Ливерпул и со петарда го разби ривалот во дербито на колото во Премиерлигата. Кун Агуеро го постигна водечкиот гол за Сити и стана најдобриот стрелец странец во Премиерлигата со 124 погодоци.

По него прецизни беа Жузус двапати и Сане двапати, а катастрофалниот ден на Ливерпул го зачини со глупост Садио Мане. Сенегалецот со карате удар сосема непотребно го погоди во глава домашниот голман Едерсон и го повреди, па беше исклучен пред крајот на првото полувреме.

Најново во Меѓународен Фудбал