МАНЧЕСТЕР Е ОБОЕН ВО ЦРВЕНА БОЈА

ПОГБА ПОСТЕШЕ ДОЛГО ВРЕМЕ: Се "омрси" навреме, на "Итихад" (ВИДЕО)

Францускиот интернационалец во дресот на Манчестер Јунајтед го прекина постот долг 21 натпревар, донесе пресврт и победа во градското дерби против лидерот и веројатно нов шампион на Англија, Сити со (3:2)...

објавено: 7 април 2018 - 20:24

Пол Погба одговори на предизвикот, и тоа токму кога треба.
Во дербито на Манчестер го прекина долгиот пост, односно период во кој немаше дадено гол за Јунајтед.
Откако Манчестер Сити поведе со (2:0) по едно полувреме со головите на Компани во 25 и на Гундоган во 30.минута.

А потоа следуваше "француската револуција"...

Во само две минути, Пол Погба даде два гола, донесе израмнување на резултатот на дерби дуелот на „Итихад" (2:2).

  Но тоа не беше се од гостите затоа што по таа двеминутна експлозијаа во играта, во 69. минута, Смолинг погоди за целосен пресврт, и водство на „црвените ѓаволи" од (3:2).

По 32. Кола во Премиерлигата, сега Јунајтед има 71, а Сити остана на 84. бода.
На шест кола до крајот, сепак недостижни за конкуренцијата. 

 

Најново во Меѓународен Фудбал