ПАРИТЕ НИКОГАШ НЕ МУ БИЛЕ НА ПРВО МЕСТО

ПОНУДА ОД КОЈА БОЛИ ГЛАВА: Озил можел да стане најплатениот фудбалер во историјата

На почетокот на оваа година тој го продолжи договорот со лондонскиот клуб, неофицијално заработува околу 300.000 фунти неделно.

објавено: 13 ноември 2018 - 22:30

Месут Озил, фудбалерот на Арсенал одбил неверојатна понуда од Кина, тврди неговиот менаџер.

На почетокот на оваа година тој го продолжи договорот со лондонскиот клуб во кој заработува околу 300.000 фунти неделно. Кинезите му понудиле милион фунти неделно, но наместо да постане најплатениот фудбалер во историјата, тој одлучи да остане верен на лондонскиот тим. 

„Имавме огромна понуда од Азија, ни понудија неверојатни пари, но за Озил парите никогаш не биле најважната работа во животот. Тој е бренд, има најмногу пријатели на друштвените мрежи од сите играчи во Премиер-лигата и неговите дресови се најмногу продавани во клубот“, изjави Согут, менаџерот на Месут Озил.

На прашањето зошто останал во Арсенал, тој одговори..

„Бидејќи клубот има срце. Можеше да замине бесплатно, но тој го сака овој тим, Арсенал е неговиот дом“.

Озил со Арсенал има договор до 2021 година, најверојатно својата кариера ќе ја заврши во Лондон.

 

Најново во Меѓународен Фудбал