Британија завиена во црно

Поранешен репрезентативец на Англија почина од срцев удар

Поранешниот англиски репрезентативец и член на Астон Вила, Уго Ехиогу почина на 44-годишна возраст откако доживеал срцев удар во тренинг центарот на Тотенхем

објавено: 21 април 2017 - 11:00

Уго Ехиогу почина на 44-годишна возраст откако доживеал срцев удар во тренинг центарот на Тотенхем. Поранешниот англиски репрезентативец и член на Астон Вила, беше тренер на младиот тим на Тотенхем, а по еден од тренинзите му се слошило по што го загубил животот.

„Шокирани но и во исто време жалиме со загубата во клубот. Уго едноставно беше незаменлив" изјави Џон Мекдермот, првиот човек на Тотенхем кога станува збор за изборот на тренерите.

Ехиогу кој играше на позицијата дефанзивец, за Астон Вила настапи на повеќе од 200 натпревари во периодот од 1991 до 2000 година. Додека, пак, за Гордиот Албион забележа четири настапи, притоа постигнувајќи и еден погодок.

Најново во Меѓународен Фудбал