ИСТРАГА ЗА СМРТТА НА СОПСТВЕНИКОТ НА ЛЕСТЕР

Постоеле шанси за луѓето од хеликоптерот да се спасат!?

Само минимални, но сепак, постоеле шанси за преживување на луѓето во падот на хеликоптерот пред стадионот на Лестер, е наведено во истрагата, а пренесуваат британските медиуми...

објавено: 9 ноември 2018 - 15:20

Сопственикот на Лестер, Вишај Шриваданапрабха и уште четворица друг и луѓе загинаа на 27. октомври кога хеликоптерот на талјандскиот милијардер се урна на паркингот пред „Кинг пауер" стадионот.

Во извештајот на иследникот се наведува дела се индентификувани сите пет жртви, како и тоа дека истите се снимени со сигурносни камери во тунелот на „Кинг пауер" стадионот пред хеликоптерот да полета.
Полицаецот кој сведочел во истражната постапка рекол дека постоеле минимани шанси луѓето кои биле внатре во леталото да преживеат во моментот на падот.

„На снимките од мобилните телефони се гледа дека хеликоптерот вртел без контрола пред да падне. Постоеле минимални шанси за тоа време некој од нив да излета од леталото. Истрагата за падот на хеликоптерот продолжува" – наведува изворот.

 

Најново во Меѓународен Фудбал