ПОЗНАТА Е СУДБИНАТА НА ПОРТУГАЛЕЦОТ

Повеќе нема дилеми околу Мурињо и Јунајтед

По бројните информации околу заминувањето на Жозе Мурињо од Манчестер Јунајтед во јавноста се огласи неговиот менаџер.

објавено: 7 декември 2018 - 18:04

Манчестер Јунајтед во последните три првенствени натпревари ремизираше (Кристал Палас, Саутемптон и Арсенал) и според табелата е далеку од Лигата на шампиони...

Многу навивачи на тимот од „Олд Трафорд“ посакуваат Жозе Мурињо да замине, но последните информации велат дека тој ќе остане дел од тимот и во иднина.

„Се шпекулира дека Мурињо ќе го напушти Манчестер Јунајтед, тоа е една голема лага. Тој е среќен во клубот, и челниците се задоволни од него и неговата работа. Со Јунајтед има повеќегодишен договор, тој е целосно фокусиран кон изградба на еден голем прокет“, порача Мендеш, агентот на Мурињо.

Ова значи дека навивачите на „црвените ѓаволи“ и натаму ќе ги „гризат ноктите“ од нервоза, но познавајќи го Мурињо, на крајот може да најде начин да донесе некој важен трофеј на „Олд Трафорд“.

 

Најново во Меѓународен Фудбал