Арсенал има неколку опции

Познати се наследниците на Венгер

Се поизвесно е дека францускиот стратег, Арсен Венгер, ќе го напушти Арсенал по 20 години на клупата на овој тим. 

објавено: 29 декември 2016 - 10:50

По 20 години минати на „кормилото" на Арсенал, Арсен Венгер ќе го напушти тимот. Челниците на англискиот премиерлигаш веќе почнаа да бараат замена за Французинот, открива „Сaн".

Засега во игра се неколку имиња, а како прв кандидат се спомнува тренерот на Јувентус, Масимилиано Алегри.

Покрај него на клупата на Арсенал би можел да застане Диего Симеоне (Атлетико Мадрид), за кого веќе долго време се шекулира дека ќе замине во Интер.
Еден од главните фаворити е Ралф Хазенхутл, предводиникот на германски Лајпциг.

Легендата на Арсенал, Денис Беркамп е последното име за кое пишаа англиските медиуми.

Најново во Меѓународен Фудбал