НЕКОИ НОВИ „ЦРВЕНИ ЃАВОЛИ“

Прв пат по седум години дадоа 12 гола на три меча

Солскјер ги разбуди фудбалерите на Манчестер Јунајтед кои врзаа три убедливи победи

објавено: 31 декември 2018 - 19:30

Манчестер Јунајтед под водство на Оле Гунар Солскјер игра одлично. Норвежанецот беше донесен на местото на Жозе Мурињо, а тој за брзо време ги разбуди своите фудбалери кои се мачеа да реализираат под раководство на Португалецот.

Јунајтед го победи Кардиф со 5:1, потоа Хадерсфилд со 3:1, а вчера и Борнмут со 4:1 и така за прв пат по седум години реализира 12 гола на три меча по ред во Премиер лигата. Претходно такво нешто им успеа во текот на декември во 2011 година кога на кормилото седеше сер Алекс Фергусон.

Сепак „Црвените ѓаволи" се шести на табелата и се далеку од врвот. Единствено на што можат да се надеваат е пласман во Лигата на шампионите.

Најново во Меѓународен Фудбал