Моќен е новиот првак на Англија

Пукна петарда на прославата на титулата на Манчестер сити

Манчестер сити одигра одличен меч, прв откако ја осигура титулата во Премиерлигата, а со „петарда“ го испрати Свонси

објавено: 22 април 2018 - 19:24

Манчестер сити одигра одличен меч, прв откако ја осигура титулата во Премиерлигата, а со „петарда" го испрати Свонси.

На „Етихад“ имаше славеничка атмосфера, што со пет гола во мрежата на Свонси ја разубавија играчите на новиот англиски првак.

Давид Силва и Рахим Стерлинг погодија во првиот дел, а потоа голеадата ја продолжија Кевин Де Бруин, Бернардо Силва и Габриел Жезус, играш што промаши и пенал за уште поубедлива победа.

Сити има шанса да ја мине и стотката, а на новиот шампион му требаат уште десет бодови во последните четири натпревари за да ја стаса магичната граница.

Најново во Меѓународен Фудбал