„Кралевите“ го сменија курсот за ова лето

Реал има нов приоритет: Рахим Стерлинг!

објавено: 11 октомври 2018 - 11:20

Реал (М) има нова мисија: Рахим Стерлинг! И покрај сите најави дека следното лето на „Бернабеу“ ќе дојде некоја од ѕвездите од калибарот на Нејмар или Азар, сепак, „кралскиот клуб“ има нов приоритет. 

Брзоногиот англиски репрезентативец е еден од најопасните фудбалери на "граѓаните" и не случајно Пеп Гвардиола инсистира тој да го продолжи договорот и да остане на "Етихад" подолго време. Сепак, крилниот напаѓач се уште не успева да најде заеднички јазик со клубот околу финансиските параметри од евентуалниот нов „дил“. Стерлинг им договор на уште две години и засега нема знаци дека ќе успее да се договори за нов договор со клубот.

Од Реал се убедени дека можат да го привлечат крилниот фудбалер и за не преголема сума во случај тој да не постигне договор со „граѓаните“ и да инсистира сам да си замине. Тоа значи дека Перез и неговите скаути уште оваа зима почнуваат со „надлетувања“ над младиот Англичанец, кој има сериозни индикации дека идното лето ќе ја промени клупската средина.

Најново во Меѓународен Фудбал