Големото дерби во Премиер лигата заврши без победник

Реми на „Енфилд“, Марез промаши пенал (ВИДЕО)

По четири последователни победи на Ливерпул во меѓусебните пресметки со Манчестер Сити, „граѓаните“ овој пат останаа непоразени на „Енфилд Роуд“.

објавено: 7 октомври 2018 - 19:32

Манчестер Сити имаше победа в рака на гостувањето на „Енфилд“ против екипата на Ливерпул, но Марез не успеа да реализира пенал на 5 минути пред крајот на средбата. Ова е клучниот момент на големото дерби на 8. коло во англиската фудбалска елита.

Во меч во кој забележливо и двата тима не сакаа да влезат со преголем ризик, ретко се доаѓаше до вистинска шанса за гол. „Црвените“ во неколку наврати се обидоа да ги притиснат домашните, особено во првиот дел од мечот, но никако не успеваа да изградат чиста шанса за погодок. 

Во вториот дел првата голема шанса ја имаа гостите. Марез во 61. минута изби сам по левата страна, биеше од свртување но топката мина само неколку сантиметри крај голот на Алисон. Три минути се обиде и Салах, но топката заврши во рацете на Едерсон. Египќанецот имаше шанса и од слободен удар да го донесе својот тим во водство, но во 67. минута биеше крај голот. 

Потоа следуваше прекршокот на Ван Дајк врз Сане, по што судијата Еткинсон покажа на белата точка. Клучниот момент на средбата Сити не успеа да го претвори во гол за победа. По ова коло и победата на Челзи на гости кај Саутемптон од 3:0, три екипи се на врвот со еднаков број на бодови. Сити, Челзи и Ливерпул имаат по 20 бода, следуваат Арсенал и Тотенхем со по 18.

Најново во Меѓународен Фудбал