Минатата недела доби отказ во фабриката на „Бентли“, а сега,

„Рипна“ платата на Коен Брамал, од 400 на 3.000 фунти неделно

Се разбира тоа е почетната плата која овој 20 годишен фудбалер ќе ја прима како играч на Арсенал...

објавено: 10 јануари 2017 - 21:00

Многумина не се согласуваат со неговата „политика“ за ангажирање на фудбалери со не баш проверен квалитет, но Арсен Венгер нема намера да го менува тој „стил“.

Оваа зима менаџерот на Арсенал направи уште еден рискантен маневар откако се одлучи да „пазари“ еден тотален анонимус. Односно дваесетгодишниот Коен Брамал, кој до пред нова година беше дел од седмолигашот Хеднсфорд Таун.

Овој потег ќе го чини Венгер само 50.000 евра, но интереснио е да се каже деа минатиот месец Брамал беше отпуштен од фабриката за „Бентли“ во местото Кру, каде бил прогласен за технолошки вишок. 

Таму заработувал по 400 фунти неделно, додека пак сега, како член ан Арсенал ќе добива многу повеже, по 3.000 фунти, и секако, што е поважно и од платата. ќе се води како играч на англискиот гигант. 

Но, со оглед на силната конкуренција, во прво време ќе игра за тимот на „топџиите“ до 23 години, а на лето ќе има шанса да се бори за „влез“во првиот тим на Арсенал.

 

Неверојатно, навистина неверојатно. Сонот стана јаве. не можам да верувам дека сум овде, Ова е невозможно“ - беа првите зборови на Брамал. „Кога дознав дека ме сака Венгер едноставно подзинав, погледнав во менаџерот. беше многу емотивно. не можев да верувам. Само во себе си помислив, тоа  тоа. Ја повикав мајка ми која почна да плаче откако и ја соопштив веста. Ова е неверојатно и така нереално во овој момент“- дополни овој играч кој ја покрива левата бековска позиција.

На претставувањето Брамал зборуваше и за првиот состанок со Арсен Венгер. 

„Го срeтнав на теренот, тој е навистина топ, топ личност. Веднаш тоа беше добра хемија помеѓу нас. Мислам дека е одличен човек и се надевам дека ќе го импресионирам“- истакна дваесетгодишниот фудбалер за кого почна да се зборува токму за време на Божиќ, кој „излезе“ информацијата дека Венгер ќе пазари кај седмолигашот. 

 

Најново во Меѓународен Фудбал