МУРИЊО Е ЗАИНТЕРЕСИРАН ЗА ГОЛЕМО ИМЕ НА ОЛД ТРАФОРД

Родригез сигурно доаѓа во Јунајтед?

Манчестер јунајтед ќе го објават потписот на Колумбиецот Џејмс Родригез од Реал Мадрид веќе овој викенд, тврдат шпанските медиуми

објавено: 16 мај 2017 - 21:50

25-годишниот Родригез дојде во „кралскиот клуб“ по фантастичниот настап на Светското првенство во 2014 година за сума од 80 милиони евра, но не успеа да најде место во тимот на Зинедин Зидан и постојано е поврзуван со трансфер надвор од „Сантијаго Бернабеу“.

Жозе Мурињо дефинитивно е заинтересиран да го донесе Колумбиецот на Олд Трафорд, со можна замена за голманот Давид де Хеа, кој е на мета на Реал подолго време.

Колумбиското радио „Каракол“ вели дека договорот ќе биде обелоденет по последниот меч на Реал Мадрид оваа сезона, на гости кај Малага во недела. Според шпанскиот „Ас“, договорот е склучен, но Реал не сака да го објави до финалето на Лигата на шампиони на почетокот на јуни.

Најново во Меѓународен Фудбал