ОТКАКО МУ ГО ПРЕКИНАА ДОГОВОРОТ ПРЕДВРЕМЕ

Роџерс скапо ги чинеше Ливерпул

Одлуката на Ливерпул да го отпуштат Брендан Роџерс и неговиот тим го чинел премиерлигашот фантастични 15.6 милиони фунти во компензација, тврдат британските медиуми

објавено: 6 март 2017 - 22:00

Роџерс, кој доаѓа од Северна Ирска, ги презеде Селтик по отпуштањето во октомври 2015, со двеипол години од договорот со тимот од Енфилд.

Роџерс дојде во Ливерпул во јуни 2012 на тригодишен договор, но доби нов четиригодишен договор по второто место во Премиерлигата во 2013/14 со само два поени зад Манчестер сити. Споредбата на Роџерс и сегашниот тренер Јирген Клоп покажува дека двајцата имаат идентичен скор по првите 55 натпревари од Премиерлигата.

 

Најново во Меѓународен Фудбал