ФУДБАЛЕРОТ Е ВИНОВЕН ЗА ВОЗЕЊЕ ПОД ДЕЈСТВО НА АЛКОХОЛ

Руни две години без возачката дозвола

На поранешниот англиски капитен, Вејн Руни му е забрането да вози две години, откако призна дека е виновен за пиење под дејство на алкохол, откако имаше три пати над дозволеното алкохол во крвта

објавено: 18 септември 2017 - 15:25

31-годишниот играч на Евертон, исто така доби казна од две недели без плата од клубот (околу 300.000 фунти). Џон Темперли, судијата во Стокпорт, потврди дека нема парична казна за Англичанецот и наместо тоа му ја одзеде возачката дозвола. Руни исто така е осуден на 12-месечна казна јавна работа, период во кој ќе треба да одработи 120 часа.

„Сигурно не треба да ви објаснувам дека ова беше сериозен престап. Возевте моторно возило со речиси трипати поголема доза алкохол од дозволеното и имавте сопатник“, изјави судијата Темперли.

Адвокатот на Руни објави дека фудбалерот напишал писмо до судот изразувајќи го своето жалење за инцидентот, во кој беше сопрем со Фолскваген „буба“, кога еден полицаец забележал дека задните светла на автомобилот не работел. Ова се случи во 2 часот наутро во петок на 1 септември. Автомобилот бил во сопственост на жената која Руни ја запознал во барот „Бабл рум“. Секако, ова предизвика и проблеми во бракот на Англичанецот.

„Веќе се извинив на моето семејство, мојот менаџер и на сите во Евертон. Сега се извинувам на сите фанови кои ме следеа цела кариера. Ја прифажам казната и се надевам дека ќе надополнам преку јавната работа“, вели Руни.

Најново во Меѓународен Фудбал