БЛЕСНА УШТЕ ВО ПРВИОТ МЕЧ ПО ВРАЌАЊЕТО ВО МАТИЧНИОТ КЛУБ

Руни го облече дресот на Евертон и даде еврогол, ист како тој во 2002 година (Видео)

Со прекрасен шут од далечина напаѓачот само покажа дека уште е во одлична форма

 

 

објавено: 13 јули 2017 - 18:28

Вејн Руни се врати во дресот на Евертон и веднаш даде гол. На легендарниот англиски напаѓач му беа потребни само 34 минути по враќањето во матичниот клуб, за да го даде првиот гол.

И да биде уште повпечатливо, погодокот на Руни е вистинско ремик дело. Евертон играше пријателски меч против екипата на Гор Махија од Кенија, а Руни ги воодушеви сите на преполниот стадион. Интересно е што овој погодок многу наликува на неговиот прв гол во дресот на Евертон даден против Арсенал во 2002 година.

И голот на Руни од 2002 година против Арсенал

 

 

Најново во Меѓународен Фудбал