ЧИЛЕАНЕЦОТ САКА МИРЕН ЖИВОТ, НО И ГОЛЕМА ПЛАТА

Санчез: Животот во Лондон е многу стресен

Алексис Санчез вели дека животот во Лондон е стресен зголемувајќи ги стравувањата дека нема да има долгорочна иднина во тимот на Арсенал

објавено: 21 декември 2016 - 22:00

28-годишниот Чилеанец има само уште 18 месеци од својот договор со Арсенал и шпекулациите велат дека размислува за трансфер во Кина каде што би заработувал над 400.000 фунти неделно.

Санчез постигна 14 гола во 23 меча оваа сезона, но се уште не го убедил тимот од Лондон дека заслужил продолжување на договорот и зголемувањен а платата. Тој сака од сегашните 130.000 фунти неделно да добие зголемување на 250.000 фунти. Санчез дојде од Барселона за 31 милион фунти по Светското првенство во 2014 година.

„Сакам да излезам во Лондон понекогаш да јадам или да одам на пијачка со пријателите. Меѓутоа, мене многу ми значи домот и сакам да поминувам многу време дома. Лондон може да биде многу стресно место бидејќи има толку метеж и толку многу луѓе. Рутината на еден фудбалер е исцрпувачка. Играш натпревар по натпревар, секој ден среќаваш нови луѓе и патуваш навистина многу“, изјави Санчез.

Најново во Меѓународен Фудбал