НОВИ ПРЕМИЕРЛИГАШКИ ВОЗБУДУВАЊА, СТАРТ НА „СТЕМФОРД БРИЏ“

САРИ VS МУРИЊО: Тешка задача за „ѓаволите“, Челзи според планот! (ВИДЕО)

На табелата после осум кола во Премиерлиагата на делба на првото место се наоѓаат Манчестер Сити, Челзи и Ливерпул со по 20 бода. В сабота е дербито од 13:30 часот на „Стемфорд Бриџ" помеѓу Челзи и Манчестер Јунајтед.

објавено: 20 октомври 2018 - 08:00

Италијанскиот менаџер Маурицио Сари кој ги води лондонските „сини" на пресот изјави дека после репрезентативните обврски дел од играчите се соочуваат со повреди, особено Ампаду.

„Да, сериозно е со Ампаду, мали проблеми имаме со Хадсон Одои и Баркли. За Ампаду не знам колку е сериозна повредата, но мислам дека ќе паузира во наредните неколку недели. Потоа, Рудигер се подобрува како и Ковачиќ и тие двајца мислам дека ќе ги имам на располагање. Досега сум среќен од досегашните резултати, но мораме да се подобруваме. Што се однесува до нашиот ривал, да тие имаат малку изненадувачки старт, значи зборуваме за осум натпревари, но како што гледате добро им оди во Лигата на шампионите и сега ја имаат можноста да се подобрат во Премиерлигата, севкупно поминаа само два месеци", рече Сари.

Според Сари ако се гледаат играч по играч, смета дека Манчестер Јунајтед го има најдобриот состав во Премиерлигата.

„Мурињо го респектирам, зборуваме за човек кој освоил скоро се што можел. А не само јас, туку и сите треба да покажеме почит, тој е многу добар менаџер", додаде Сари, менаџерот на Челзи.

Премиерлига, 9. коло

Сабота, двојки:

13:30 часот
Челзи-Манчестер Јунајтед

16:00 часот
Борнмут-Саутемптон
Кардиф-Фулам
Манчестер Сити-Фулам
Њукасл-Брајтон
Вест Хем-Тотенхем
Вулверхемптон-Ватфорд

18:30 часот
Хадерсфилд-Ливерпул

Табела:

1.Манчестер Сити 20 бодови
2.Челзи 20
3.Ливерпул 20
4.Арсенал 18
5.Тотенхем 18
--

Најново во Меѓународен Фудбал