ДАЛИ Е ВИСТИНИТО?

СЕ ЖАЛИ И ПЕП: Ние не можеме да платиме играч вреден од 80 до 100 милиони фунти!

„За да играте на неколку дфронтови, морате да имате 22 топ фудбалери. Тоа дури и ние не можеме да си го дозволиме"- признава Гвардиола.

објавено: 28 јануари 2018 - 20:05

Тренерот на Манчестер Сити, Пеп Гвардиола вели дека трансфер политиката на клубот се раководи по основ на дефиниран буџет кој не дава можност за во секое време се донесе некој врвен фудбале.

Долго време „граѓаните" беа заинтересирани за Алексис Санчез, кој на крајот на приказната од Арсенал премина во Манчестер Јунајтед, каде ќе има неделна плата од 350.000 фунти.

„Доколку сакаш да се натпреваруваш во четири различни натпреварувања, мораш да се соочиш со повреди. За да бидеш успешен, би требало да имаш 22 топ фудбалери. Но тоа е прескапо за секој клуб, па и за Манчестер Сити" - смета Гвардиола.

Вели дека во овој момент Сити не може да одвои стомилионска сума за трансфер на такви играчи од највисок профил.

„Моментално не сме во состојба за некој играч да го платиме со 80 или 100 милиони фунти. Но тоа може да се промени во иднина"- додава Пеп за „Скај Спорт".

Според наводите на овој италијански медиум, Сити е многу блиску до ангажман на фудбалерот на Атлетик Билбао, Емерик Лапорт. Трансфер кој е проценет на околу 57. милиони фунти односно 65.милиони евра, и кој доколку се реализира, ќе го направи Гвардиола доста среќен.
Сити е лидер во Премиер лигата, со 12 бодови плус во однос на градскиот ривал Јунајтед.

Најново во Меѓународен Фудбал