ФОТОГРАФИЈА КОЈА СТАНА ВИРАЛНА НА ИНТЕРНЕТ

Сеирџиите полудеа од ќеф: Дени Дринквотер, конечно, се напи вода! (ФОТО)

Сеирџиите на интернет денеска направија вирална шега од една обична работа. На мечот меѓу Лестер и Тотнем, во Премиерлигата, домашниот фудбалер Дени Дринквотер, конечно, го послуша своето презиме.

објавено: 22 август 2015 - 19:33

Шегата е во тоа што Дринквотер, на англиски значи „пие вода“. Во 25. минута мечот беше прекинат со тајмаут поради топлото време и, логично, фудбалерите застанаа да се напијат вода.

Арно ама само еден од нив истото тоа му го пишуваше на грбот. Дени Дрикнвотер се напи вода како и останатите, но кога го фатија камерите, сеирџиите од тоа измонтираа фотографија и почнаа да хараат по интернет.

„Дени Дринквотер конечно се напи вода! Дени Дринквотер конечно го послуша своето презиме!“, се само некои од најчестите коментари на оваа фотографија.

Најново во Меѓународен Фудбал