НЕ МОЖЕШЕ ДА ГЛЕДА КАКО КЛУБОТ СЕ „РАСПАЃА“

Сер Алекс се врати во Јунајтед да помогне

Легендарниот менаџер повторно се фати за работа меѓутоа има поинаква улога

објавено: 24 декември 2018 - 21:00

Манчестер Јунајтед го назначи Оле Гунар Солскјер за нов менаџер до крајот на сезоната, а сер Алекс Фергусон се симна од трибините и реши да му помогне на норвешкиот тренер. Сер Алекс е консултант на Солскјер за време на неговиот мандат на „Олд Трафорд".

Тој ќе му дели совети на менаџерот, а некои тврдат дека Ферги стои зад целата оваа акција за ангажман на Норвежанецот на кормилото на тимот. Исто така се тврди дека легендарниот менаџер го вратил поранешниот асистент Мајк Фелан во клубот.

Солскјер сакал Ферги да добие поголема улога, но веќе пензионираниот тренер одбил. Тој се согласил само да дели совети и да помогне да се подобри играта на екипата.

 

Најново во Меѓународен Фудбал