Неочекуван исход во лондонското дерби

Шампионот Челзи се сопна на познат терен, прва победа за Мојс во Вест Хем

Марко Арнаутовиќ со погодок во раната фаза го одлучи лондонското дерби и го урна шампионот Челзи, а на својот тим Вест Хем му донесе многу вредна победа од 1:0

објавено: 9 декември 2017 - 15:35

Марко Арнаутовиќ со погодок во раната фаза го одлучи лондонското дерби и го урна шампионот Челзи, а на својот тим Вест Хем му донесе многу вредна победа од 1:0.

Челзи сосема неочекувано се лизна на познат терен, во својот град Лондон и заостанува многу зад лидерот Манчестер сити. Шампионот по примениот гол имаше иницијатива, но без сериозни шанси за да направи пресврт, или да спаси бод.

Моментно избраниците на Антонио Конте се третопласирани по 16 одиграни натпревари и имаат 32 бода. Дури 11 помалку од лидерот Манчестер сити и три од Манчестер јунајтед, но има и меч повеќе.

Вест Хем е на 18. позиција со 13 бодови.

Најново во Меѓународен Фудбал