МАНЧЕСТЕР ПОГРЕШИЛ ВО ИЗБОРОТ СМЕТА ГОЛГЕТЕРОТ

ШИРЕР: Изгледа дека Јунајтед го донесе братот-близнак на Санчез!?

Англиската фудбалска легенда испрати жестока критика кон зимското засилување на „црвените ѓаволи' кој досега даде само еден гол во новиот клуб...

објавено: 18 март 2018 - 08:00

Англиската фудбалска легенда испрати жестока критика кон зимското засилување на „црвените ѓаволи' кој досега даде само еден гол во новиот клуб...

 

„Го потпишаа Алекс, но делува како всушност го добиле неговиот брат-близнак. Изгледа како некое загубенао мало дете. Работа на тренерот е да го извади најдоброто од играчот"'- вели во својата колумна Алан Ширер, посветена на последните случувања и работата на Жозе Мурињо во Манчестер Јунајтед.

"Кога ќе видите кој им играше против Севиља играчи како Санчез, Лукаку и Рашфорд, тие имаат квалитет, и би требало да добијат пред нивните гледачи Кога го донесоа Мурињо во Манчестер, тие знаеја што добиваат. Тоа е човек кој е арогантен, но носи трофеи. Можеби неговата игра не е најубава, но тој носи трофеи, како во минатата година. Но нивниот фудбал воопшто не е забавен" – порачува бившиот голгетер на Њукасл и на Блекбурн, и секако на „Горидот Албион".

Инаку, единствениот гол за Манчестер Јунајтед Алексис Санчез го постигна на дуелот со слабиот Хадерсфилд. А дури и тој гол дојде откако Чилеанецот претходно не го реализираше ударот од 11. Метри туку одбиената топка ја спроведе во голот на противникот.

 

Најново во Меѓународен Фудбал