Навивачите на Сити веруваат во теории на заговор

„Сите (ќе) му „попуштаат“ на Ливерпул за да биде шампион!“

Откако двајца фудбалери на Бурнемут признаа дека навиваат Ливерпул да ја освои титулата оваа година.

објавено: 11 февруари 2019 - 12:00

Двајца од фудбалерите на Бурнемут кој загуби во саботата од Ливерпул на „Енфилд“ со 3:0 признаа дека сакаат да ги видат „црвените“ како го подигнуваат шампионскиот пехар оваа сезона. Станува збор за дурот на Бурнемут Рајан Фрејзер и Стив Кук, кој не кријат дека имаат симпатии кон Ливерпул во трката за премиерлигашката титула.

„Би сакал да ги видам како ја освојуваат лигата", рече крилото на Бурнемут по средбата во саботата.

„Сакам да гледам добар фудбал, и ми се допаѓа начинот на кој игра Ливерпул. Го чекаат овој трофеј долго време, и со играчите што ги имаат, тие ќе го направат тоа, така мислам“, изјавил по мечот, Фрејзер.

Овие изјави на дел од фудбалерите на последниот ривал на „црвените“, но и случни кои дојдоа од некои други клубови, ги свртеа навивачите на Сити кон ФА алудирајќи на некакви нерегуларности кои би можеле да се случат до крајот на сезоната на штета на шампионот. Според фановите на „граѓаните“ голем дел од тимовите ќе играат со „посебен мотив“ против Ливерпул, веројатно алудирајќи дека ќе му „попуштаат“ на тимот на Клоп да ги освојува важните бодови во трката за нов премиерлигашки првак.

Најново во Меѓународен Фудбал