СЕ ПОДГОТВУВА НАЈГОЛЕМАТА ТРАНСФЕР БИТКА

Сите во ред за Дембеле, почетната сума 50 милиони евра

Во битката ќе влезат или веќе го направија тоа тимови како Реал Мадрид, Баерн, Манчестер Сити, Челзи, Арсенал... Сите го бараат напаѓачот на Селтик

објавено: 20 февруари 2017 - 12:50

Кога на последниот ден од зимскиот преодне рок во јануари желзи се обиде со понуда вредна 40. милиони евра да го натера Муса Дембеле од Селтик да се пресели на „Стемфорд бриџ“, имаше многу причини да го направи тоа.

Пред се ако се земе в предвид дека следното лето ќе биде уште потешко до го реализираат тоа.

И како одминуваат деновите во февруари, така се појасно станува дека менаџерскиот тим на Челзи знаел што сака, и дека сега конкуренцијата за 20.годишниот напаѓач од Селтик ќе биде уште пожестока. 

Од угледните медиуми од Франција стигнуваат информациите дека Реал Мадрид е сериозно заинтересиран за моментално најдобриот играч на светот во класата 1996. И не само дека „кралевите“ сакаат туку дека веќе размислуваат за понуда тешка 50.000.000 евра.

Но тука не завршува оваа нова трансфер-сага.

Пред се затоа што уште неколку великани на европскиот фудбал следното лето ќе тргнат во војна со оние понуди за потписот на талентираниот центарфор. 

Пеп Гвардиола го посакува како последен член на и онака супер брзите и супер талентирани напаѓачи кои сега Шпанецот ги има на располагање како Жесус, Сане и Стерлинг.

Вљубеник во играта на Дембеле е и стратегот на Баерн од Минхен, Карло Анчелоти, кој го гледа како евентуален наследник на Рибери или пак Робен.

На крајот, тука е и Арсенал, а не смее да се заборави дека ниту Челзи не се откажал од оваа идеја, иако се погласно се најавува дека Диего Коста ќе го продолжи својот престој кај „сините“ со нов договор. 

И сето ова наведува дека Муса Дембеле ќе биде звезда на наредниот преоден рок, но и еден од најскапите играчи на светот. Минатото лето дојде во Селтик без отштета од Фулам, но многу броз ја „прерасна“ Премиерлигата на Шкотска во која на последните три меча даде седум голови.

Вклучително и два хет-трика. И на 41. меч во досегашниот дел од сезоната Дембеле има дадено дури 27. гола

Најново во Меѓународен Фудбал