ОТКАКО ИМАА ПРОБЛЕМИ ВО ПРВИОТ ЧАС ИГРА

Сити на крајот, со едноставна победа над Хал

Манчестер сити се доближи на седум поени до англиските лидери Челси, откако потешко од очекувањата славеше со 3:0 на гостувањето во Хал

објавено: 26 декември 2016 - 20:11

Играчите на Пеп Гвардиола имаа проблем да направат шанси во првиот час игра на „КЦОМ стадионот“ во Јоркшир, пред Јаја Туре да го постигне првиот гол од пенал во 72. минута од натпреварот. Само шест минути подоцна Ихеначо зголеми на 2:0 и победникот во мечот беше одлучен пред Кертис Дејвис да си постигне автогол во последните моменти од натпреварот.

Сити по низата лоши натпревари полека се враќа во форма и засега е најблиску до лидерот Челси, кој претходно стигна до 12. триумф едноподруго. Барем до утре, кога Ливерпул го игра својот меч и може да се врати на второто место.

 

ХАЛ - МАНЧЕСТЕР С. 0:3

Туре 72’ (п), Ихеначо 78’, Дејвис (аг) 90’

Најново во Меѓународен Фудбал