ШПАНЕЦОТ Е ДОЛГОРОЧНО РЕШЕНИЕ

СИТИ НЕ КРИЕ: „Граѓаните" сакаат династија „Гвардиола"

Раководството на Манчестер Сити наскоро ќе му понуди на Пеп Гвардиола нов договор, уверени дека шпанскиот стручњак ќе направи една фудбалска династија која ќе владее во англискиот фудбал во следната деценија.

објавено: 19 декември 2017 - 15:15

Манчестер Сити поврза 16 победи во овој дел од сезоната, и како што пренесуваат британските средства за информирање, сопствениците на клубот, за тоа планираат да го наградат тренерот Пеп Гвардиола.

А како на поинаков начин освен со подобрен договор. Оној важечкиот според кој добива 12.милиони фунти по година, истекнува во 2019 година.
Во Сити се наводно уверени дека пронашле едно единствено решение, како што на пример беше Алекс Фергусон во Манчестер Јунајтед, па дека поради тоа ќе се обидат да го задржат Гвардиола што е можно подолго.
Претходно Пеп беше четири сезони во Барселона, а потоа уште три во минхенски Баерн. Но неговиот тим во Премиер лигата смета дека може да го задржи на еден подолг период.
Сите е моментално на првото место во Премиер лигата со 11. бодови повеќе во однос на второпласираниот Манчестер Јунајтед.

Најново во Меѓународен Фудбал