ПРЕКРШУВАЊЕ НА ПРАВИЛАТА ВО АНГЛИСКИОТ ФУДБАЛ

Сити со забрана за трансфери

Во наредните две години Манчестер сити нема да може да носи играчи во својата академија

објавено: 6 мај 2017 - 12:10

Таква казна им изрече Фудбалската асоцијација откако беа прогласени за винивни во случајот со трансфери на малолетни фудбалери. „Граѓаните“ ги врбувале родителите на две момчиња со цел да ги донесат во своите редови и покрај тоа што тие биле под договор со друг клуб.

Едниот имал 11 години и бил член на Евертон, а другиот 15 години од редовите на Вулверхемптон. Освен со забраната за трансфери Сити е казнет и парично со 300,000 фунти.  Иста казна претходно добил и Ливерпул за сличен случај.

Најново во Меѓународен Фудбал