Трилер во Лондон

Спас за Арсенал во последен час

Арсенал и Челзи одиграа возбудливо градско дерби, а особено добро беше второто полувреме со 4 погодоци, за реми 2:2

објавено: 3 јануари 2018 - 22:40

Арсенал и Челзи одиграа возбудливо градско дерби, а особено добро беше второто полувреме со 4 погодоци, за реми 2:2.

Арсенал поведе со голот на Вилшер во 63. минута, но следуваше експресен пресврт во режија на Азар и на Алонсо. Сепак во финишот Белерин погоди за реми, 2:2.

Челзи го загуби второто место по 22. кола и сега е на третото место со 46 бода, зад двете екипи од Манчестер, лидерот Сити и Јунајтед.

Арсенал остана на шестата позиција.

Најново во Меѓународен Фудбал