ИАКО БЕШЕ ДОВЕДЕН ДА ГО ВРАТИ ЛИВЕРПУЛ НА СТАРАТА СЛАВА

Статистиката покажа: Клоп е послаб од Брендон Роџерс

Германскиот стратег не ја донесе потребната „магија“ во некогашниот европски гигант

објавено: 28 февруари 2017 - 10:17

Ливерпул доби лекција од шампионот Лестер и загуби со 3:1 во последниот меч од 26. коло во Премиерлигата. По овој пораз, Ливерпул остана на 49 бодови, односно дури 14 помалку од лидерот Челзи. Тренерот на „црвените“ Јирген Клоп го призна поразот, велејќи дека неговиот тим едноставно не играл доволно добро.

Клоп е втора сезона на чело на гигантот од „Енфилд роуд“, но едноставно уште не го вратил клубот на победничките патеки. Статистиката покажува дека Клоп дури е со послаб биланс од неговиот претходник Брендон Роџерс.

Клоп вкупно 55 пати го предводеше тимот во Премиерлигата и досега освои 94 поени. Колку за споредба, во истиот период, Роџерс како тренер освои 97 бодови во Премиерлигата. Едноставно статистиката покажува дека со Клоп на чело, Ливерпул не само што не ја подобри играта, туку освои и помалку поени, од времето кога предводник беше Роџерс. 

Речиси е сигурно дека тимот од „Енфилд Роуд“ и оваа сезона ќе остане без ниту еден освоен трофеј.

Најново во Меѓународен Фудбал